Грчката влада објави ноќно видео од границата на кое, наводно, се гледа турско воено возило како отстранува ограда.

– Граничното возило за контрола отстрани ограда со помош на кабли – објави владата во Атина во време кога се зголемуваат тензиите меѓу двете држави околу мигрантите лоцирани на турско-грчката граница.
Граничната бариера веќе била оштетена благодарение на мигрантите што ја сечеа додека се обидуваат да влезат во Европската унија.

Одлуката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да го отвори патот за мигрантите во Европа, го налути грчкиот премиер Киријакос Микотакис, кој оцени дека договорот Европа – Анкара за ограничување на миграцијата во 2016 година е мртов.

Со тој договор, Турција се согласи да ги задржи мигрантите на нејзината територија во замена за финансиска помош од ЕУ.

Анкара тврди дека Европа не ги исполнила своите обврски според договорот, а стравува и од нов прилив на бегалци поради немирите во Идлиб, регион во северозападна Сирија.