Во земјотресот во Хрватска се оштетени 8.928 згради, изјави жупанот Иво Жиниќ.

Од 8.928 објекти во кои е пријавена штета, 20 отсто се целосно срушени или сериозно оштетени и повеќе не можат да се користат, за 24 отсто од објектите ќе биде потребен дополнителен статички преглед, а 54 отсто од објектите може да се користат и покрај штетата.

– Бројот на оштетени згради сигурно ќе биде поголем, бидејќи извештаите сè уште не се готови – рече Жиниќ.

Во погодената област, голем број волонтери помагаат во обнова на помалку оштетените објекти за да можат што побрзо да се користат повторно.