Бугарското обвинителство првпат започна истрага за подготовка на напад со рачно изработена бомба, за што се товари ученик од средно училиште, кој како што пренесe „Њујорк тајмс“ бил регрутиран од Исламска држава (ИД) преку интернет.

– Неколку експлозивни направи од рачна изработка беа пронајдени во неговата куќа во Пловдив, вклучувајќи и еден вид бомби што се користеа во некои напади во САД – соопшти државниот обвинител Иван Гечев.

Тој додаде дека станува збор за класичен случај на радикализација на малолетници преку интернет.

Во домот на осомничениот средношколец било пронајдено и знаме на Исламска држава.

Според зборовите на обвинителот, станува збор за добар ученик од гимназија во Пловдив, кој бил опишан како многу интелигентно дете.

Бугарското обвинителство не објави кои локации требало да бидат мета на планираниот напад.