Жељко Чуровиќ претседателот на Сојузот на Србите во Црна Гора најави организирање на автомото литија од Белград до српско-црногорската граница како протест против усвојувањето на Законот за слобода на вероисповеста.  

Според организаторот, литијата треба да започне в недела во 7 часот пред белградскиот Центар „Сава“, а до 13 часот се предвидува граѓаните да пристгнат во манастирот Куманица, каде што ќе се обрати епископот Атанасиј, со чиј благослов се организира настанот.

– Нашата цел е да помогнеме и да дадеме подршка и заштита не само на Српската православна црква, туку и да ги заштитиме граѓанските права во Црна Гора. Овојпат се загрозени граѓанските права на Србите, утре би можеле да бидат загрозени правата на другите нариди и национални малцинства. Ние стоиме во заштита на она што е човечко – изјави Жељко Чуровиќ

Чуровиќ исто така апелираше на следните избори во Црна Гора да се гласа против режимот, не само за српската опција, за да дојдат на власт нормални луѓе кои ќе се залагаат за помирување помеѓу Србите, Црногорците, муслиманите и Албанците, пренесува српски „Курир“.