На нива меѓу струшките села Франгово и Калишта полицијата вчера соопшти дека пронашла муниција, гранати и рачни фрлачи (РПГ).

Денеска преку соопштение од МВР информираат и за количината на запленетото оружје. Имено, пронајдени биле 138 гранати за рачен фрлач, 41 метален сандак со муниција со калибар 7,62 и 12,7 милиметри, 30 испукувачи РПГ, 130 полнења за гранати и 760 парчиња куршуми со калибар 20 милиметри.

Оружјето било пронајдено вчера напладне по претходно собрани оперативни сознанија.

За случајот известено е Основното јавно обвинителство од Струга и Дирекцијата за заштита и спасување и се преземаат мерки и активности за расчистување на истиот.