Фото: Џо Бајден/Твитер

Омразата не може и не смее да биде толерирана, истакна американскиот претседател, Џо Бајден, во изјавата дадена синоќа како реакција на пукотницата во ЛГБТ клуб во Колорадо во која загинаа најмалку пет лица.

-Не можеме и не смееме да толерираме омраза-рече Бајден.

-Во моментов нема јасен мотив за овој напад, но знаеме дека последниве години ЛГБТК+ заедницата беше цел на ужасно насилство исполнето со омраза.

Пукање во геј клуб во САД – пет загинати и осуманесет ранети

Тој потсети дека на неодамна усвоениот, според него „најзначајниот закон за безбедност на оружјето во речиси три децении“.

-Но мораме да направиме повеќе. Треба да донесеме забрана за јуришно оружје, за да го повлечеме од американските улици- рече Бајден.

Пет лица загинаа, а 18 беа повредени во саботната пукотница во геј-клуб во Колорадо Спрингс, во американската сојузна држава Колорадо.

Осомничениот е во притвор, изјави за новинарите полициската службеничка, Памела Кастро.