Задоволен сум што можам да ги здружам силите со поранешен ривал и стар пријател и што можеме да ги претвориме нашите спортски борби во партнерство, кое, пак, може да има добро влијание врз луѓето, вели Тајсон

Многумина сигурно се сеќаваат на мечот за титулата светски првак во тешка категорија помеѓу Американците Мајк Тајсон и Ивандер Холифилд, на 28 јуни 1977 година. За многумина првата асоцијација не е тоа кој победил, туку моментот кога Тајсон го гризна Холифилд и притоа му откина дел од неговото уво, нешто што ја обележи историјата на овој спорт.
Но денес и двајцата поранешни боксери не само што се пријатели туку станаа и деловни партнери. Тие одлучија да лансираат свој производ, бисквити и гуми за џвакање со вметнат канабис во облик на уво, на кое му недостига еден дел.
Во 2018 година, Тајсон почна да произведува легални екстракти од канабис. Тој одгледува марихуана на својот ранч во Калифорнија. Оттаму дојде и идејата да се почне со производство на слатки преку компанијата во која Тајсон е партнер со својот поранешен противник Холифилд.
– Задоволен сум што можам да ги здружам силите со поранешен ривал и стар пријател и што можеме да ги претвориме нашите спортски борби во партнерство, кое, пак, може да има добро влијание врз луѓето – изјави Тајсон.
Од друга страна, пак, Холифилд рече дека тој и Тајсон биле спортски противници, но таа ноќ во 1997 година им го променила животот. Г.И.