Во Њуjорк е подигнато нивото на безбедност поради можна одмазда од страна на Иран по воздушниот напад на американски дрон во Багдад, во кој беше убиен генералот Касем Сулејмани, изјави градоначалникот Бил де Бласио.

Тој за време на прес-конференцијата рече дека заканата за Њујорк значително се зголемила и дека треба да се претпостави дека нападот ги доведува САД во воена состојба.

Де Бласио и високи официјални претставници организираа прес-конференција по објавувањето на Иран дека ќе побара одмазда за смртта на Сулејмани. Полицијата воспостави 14 позиции за разузнавачки и антитерористички одделенија и службеници, кои се формирани по нападите на 11 септември 2001 година врз Светскиот трговски центар.

Полицискиот комесар Дермот Шеа изјави дека полициските службеници веќе се во состојба на зголемена будност и дека жителите на Њујорк може да очекуваат засилено присуство на униформирани полицајци, од кои некои ќе носат пушки.