Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски, рече дека со нивниот влез во институциите ќе направат сè за да биде почитувана волјата на граѓаните за слободни избори.

– Ќе ја согледаме состојбата и нема да дозволиме да се прекршат правата на граѓаните. Ние како техничка влада не можеме да направиме чуда и не можеме да ја смениме состојбата со партизирана администрација. Но, ќе бидеме гласни против криминалот и корупцијата и нема да дозволиме никаков притисок врз гласачите. Иако знаеме дека оваа власт остави партизиран систем во кој владее непотизам наспроти професионализам, деновиве има над 1.000 решенија на партиски кадри во МВР, со што се деградирани професионалците – рече Трипуновски.

Наќе Чулев, новиот технички министер во МВР, најави дека ќе изврши увид во состојбите во Министерството и ќе ја информираат јавноста доколку имало издадено незаконски решенија за вработување.

Дополнителната заменик-министерка Гордана Димитриеска-Кочоска додаде дека нема да потпише ништо што би значело поткуп на гласачи.