Женско лице се обидело со автомобил да се пробие низ контролниот пункт надвор од резиденцијата на американбскиот претседател Доналд Трамп на Флорида.
Полицијата и тајната служба отвориле оган, но жената успеала да побегне и се уште е во бегство.

Фотографиите објавени од локалните медиуми покажуваат голем број на полициски патроли надвор од претседателската резиденција, како и на мостот кој води од Вест Палм Бич до Мар-а-Лага.
Се претпоставува дека возилото што го возела осомничената е црн џип.