Сингапур ги има нај ригорозните казни во светот. Пушењетро на возраст под 18 години е казниво со закон.Казната изнесува до 300 долари. Пушењето е забрането во речиси сите затворени објекти – кина, театри, дискотеки, пабови, барови, ноќни клубови, ресторани, затворени спортски арени, јавни базени, игралишта, канцеларии, трговски центри, маркети, музеи, уметнички галерии и др. Казните за пушењето во забранетите места се движат помеѓу 200 и 1.000 долари.

Продажбата на гума за џвакање е забрането, а казната може да биде висока со 100.000 долари или затворска казна од две години. Свирењето на инструмент на јавно место на начин што предизвикува или може да предизвика навреденост на било кое лице е казниво до 1.000 долари.

Летањето на змеј или некоја друга игра која може да го попречи сообраќајот на било кој јавен пат е казниво до 1.000 долари. Пеењето на песни кои имаат непристојни текстови, исто така се забранети, а казната е до три месеци затвор. Плукањето на јавно место, вклучително кафулиња, пазари, театари, јавни патишта и и др., е забрането, казната е до 1.000 долари. Дистрибуцијата на сите материјали што се сметаат за непристојни се забранети во Сингапур. Секое кршење на оваа одредба, без разлика дали станува збор за фотографии, ДВД, книги и др., е казнива до три месеци затвор. Според сингапурското законодавство, употребата на туѓа Вај-фај мрежа без согласност на сопственикот е казниво до 10.000 долари или казна до три години затвор. Не пуштањето вода во вц шолја во јавен објект е регулирано со одделен закон, казната е околу 150 долари. Хранењето птици е казниво до 500 долари. Во Сингапур, некои јавни лифтови се опремени со уреди за детекција за урина, што го активираат алармот и ги затвараат вратите кога го откриваат мирисот. Фрлањето на отпадоци на јавните површини е казниво до 1.000 долари.

Според сингапурското законодавство цртањето графите се определува како вандализам, а казната предвидува физичко удирање со дрвена трска. Оваа физичка казна се спроведува само на мажи на возраст помеѓу 18 и 50 години и се користи 1, 2 метри долга трска со дијаметар 1, 2 см. Во февруари 2017 година, вработен во амбасадата на Саудиска Арабија во Пекинг беше казнет со четири удари за наводно малтретирање на вработена во хотелот во кој престојувал. Оваа физичка казна се извршува за сексуални напади, вандализам и други дела, таа може да се спроведе врз странски државјани доколку престојуваат повеќе од 90 дена во Сингапур, пренесува „Independent“.

Сингапур има строги закони за поседување и продажба на дрога. Паричните казни изнесуваат до 20.000 долари или до десет години затвор. Во одредени случаи, ако количината е доволно висока, се предвидува смрта казна. Официјалните претставници на Сингапур имаат право да спроведуваат тестови за дрога без налог за секој кој влегува во државата. Сингапур има законска регулатива која одредува казна од две години за истополов секс, пренесува „Business insider“.

Според сингапурското законодавство, максималната казна за лице што влегува во корумпирана трансакција е до 100.000 долари или казна затвор до 5 години, или двете. Максимална казна за случај на корупција во која се вмешани владини или државни службеници, не надминува 100.000 долари или затвор во период не подолг од 7 години, или двете.