Според авганистанскиот амбасадор во Таџикистан, претседателoт Ашраф Гани побегнал од Кабул со вреќи во кои имало 169 милиони американски долари.

На прес-конференција, авганистанскиот амбасадор Мохамед Захир Агбар го обвини Гани за проневера на 169 милиони долари и го призна Амрулах Салех, потпретседател на Гани, за легитимен шеф на авганистанската држава.

Авганистанскиот министер за одбрана Бизмилах Кан Мохамади побара од Интерпол да го уапси претседателот Ашраф Гани, кој абдицираше и избега од Авганистан, за „продажба на својата татковина“.

Инаку, Гани се огласи преку видео порака на Фејсбук. Тој рече дека морал да побегне од државата, за да спречи крвопролевање.