Окружниот суд во Симферопол пресуди и останатите деветмина украински морнари да бидат притворени.
Истиот суд вчера одлучи да остави во притвор 15 од вкупно 24-та украински морнари кои во неделата влегоа во Азовско Море од Црното Море преку Керчанскиот Теснец. Русија тврди дека тоа е нелегално преминување на поморската граница.
Сите приведени Украинци ќе останат два месеци во притвор.
Украина денеска го осуди „нелегално затворање од Русија на украинските морнари“ и до руското МНР испрати протестна нота.