Фото: Илустрација/ Пиксабеј

Тие се пласираа на турнирите на кандидатите в година, како и второпласираните Накамура од САД и Жонги од Кина. На турнирите за предизвикувачи на светските прваци ќе настапат по осум шахисти и шахистки, кај мажите досега се пласирани вкупно шестмина, а кај жените седум

ШАХ – КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ТУРНИРОТ НА КАНДИДАТИТЕ

Индиецот Видит Гујрати (2.716 рејтинг-поени, рангиран 15-ти пред почетокот на турнирот) со 8,5 поени се пласира на Турнирот на кандидатите во Торонто (Канада) в година за предизвикувач на светскиот првак во шах. Тој во последното 11-то коло, на големиот турнир на британскиот остров Ман, меѓу 106 велемајстори (ВМ) ја оствари седмата победа, против ВМ од Србија Александар Предке (2.656). Нему во Торонто ќе му се придружи Американецот Хикару Накамура (2.780), кој со осум поени е втор на овој турнир.
Во женска конкуренција победи ИМ Рамешбабу Ваишали (2.448, рангирана 12-та) од Индија со 8,5 поени, пред Украинката Ана Музичук (2.446, рангирана петта) со осум поени, меѓу 50 шахистки. Музичук веќе беше квалификувана за Турнирот на кандидатките, па тоа го искористи третопласираната, Кинезинката Тан Жонги (2.444), која освои 7,5 поени, па и таа ќе патува во Торонто.
На турнирите во Торонто ќе настапат по осум шахисти и шахистки. Актуелни светски прваци се Динг Лирен и Венјун Ју, двајцата од Кина. Г.И.


ДОСЕГА ПЛАСИРАНИ НА ТУРНИРИТЕ НА КАНДИДАТИТЕ

МАЖИ
ИМЕ ПРЕЗИМЕ (ЗЕМЈА) РЕЈТИНГ
Фабиано Каруана (САД) 2.795
Хикару Накамура (САД) 2.778
Јан Непомнијашчи (Русија) 2.771
Рамешбабу Прагнананда (Индија) 2.741
Видит Гујрати (Индија) 2.715
Нијат Абасов (Азербејџан) 2.677
ќе настапат вкупно осум шахисти

ЖЕНИ
ИМЕ ПРЕЗИМЕ (ЗЕМЈА) РЕЈТИНГ
Леи Тинџие (Кина) 2.550
Тан Жонги (Кина) 2.537
Александра Горјчкина (Русија) 2.486
Катерина Лагно (Русија) 2.463
Ана Музичук (Украина) 2.424
Рамешбабу Ваишали (Индија) 2.373
Нурѓул Салимова (Бугарија) 2.371
ќе настапат вкупно осум шахистки