ФОРМУЛА 1

Следната сезона во Формула 1 се размислува наместо 23 да има вкупно 25 трки. Двете нови трки е планирано да се возат во Виетнам и во Јужна Африка. Градската трка во Ханој (Виетнам) требаше да биде првпат во Ф1-календарот во 2020 година, но поради ковид-19 беше одложена.
Патеката во Ханој треба да биде слична на Алберт парк во Мелбурн, со постојан бокс и улични делови, кои ќе бидат дел од патеката. Главниот дел е веќе подготвен и на неа се одржаа првите трки со автомобили во декември минатата година. Втората нова трка во 2024 година треба да биде во Јужна Африка, и тоа на патеката Кјалами. Јужна Африка беше подготвена да потпише договор за почеток на трките во Ф1 лани, но проектот сепак не се реализира.
Следната година повторно на календарот треба да биде трката во Кина, но нема да се вози на една од омилените патеки на Ф1-возачите, трката во Белгија на патеката Спа. Г.И.