Фото: ЕПА

ФОРМУЛА 1

  • Со оваа победа Расел ја намали разликата во шампионатот во однос на Антонели на 66 поени

Џорџ Расел го одби доцниот напад на Макс Ферстапен и победи на трката во Формула 1 за големата награда на Азербејџан во Баку. Расел доминираше во првиот дел од трката, но две брзи интервенции на безбедносното возило го доведоа Ферстапен веднаш зад Расел, почнувајќи потера од 11 круга до целта. Расел не успеа да се одлепи од Ферстапен, но четирикратниот светски шампион не успеа доволно да се доближи за да направи обид за претекнување и Расел победи со разлика од нешто помалку од 0,2 секунди. Со оваа победа Расел ја намали разликата на 66 бода во шампионатот во однос на Кими Антонели, кој, пак, напредуваше од 16. место на стартот до 5. на крајот на трката во Баку. Третото место го освои Исак Хаџар.
– Неверојатно е чувството да се вратам на највисокото скалило на подиумот. Сакам да му упатам голема благодарност на мојот тим, оти продолжи да веруваат во мене во тешките моменти и ми помогна да ги надминам. Горд сум на овој викенд – изјави Расел, пренесе „Би-би-си“.
Следниот викенд Ф1 се враќа на патеката „Сепанг“ во Малезија, првпат по 2017 година, и ќе гласи Голема награда на Бахреин во Малезија. Настанот во Бахреин првично беше планиран за април, но беше одложен поради војната на Блискиот Исток. На табелата Антонели е прв со 302 бода, а потоа се Расел со 236, Луис Хамилрон со 199… Кај конструкторите води Мерцедес со 538 бода, а потоа се Ферари со 378, Мекларен со 306… Г.И.