ХОКЕЈ НА МРАЗ

Меѓународната федерација за хокеј на мраз (ИИХФ) го објави составот на групите за 87-то Светско првенство (СП) за мажи, кое во 2024 година треба 11-ти пат да се одржи во Чешка. Актуелниот светски првак Канада, која славеше на СП 2023 играно во мај годинава, е во групата А, заедно со Финска, која беше светски првак во 2022 година, потоа со Швајцарија, Чешка, Данска, Норвешка, Австрија и со Велика Британија, која по една година се врати во врвната дивизија на светскиот хокеј на мраз. Натпреварите ќе се играат во Прага. Во групата Б, пак, е актуелниот светски вицепрвак Германија, како и САД, Шведска, Словачка, Летонија, Франција, Казахстан и Полска, која по 22 години повторно се враќа на мундијалите. Домаќин на оваа група е градот Острава. Г.И.