Одбојкарската репрезентација на Македонија се пласира во финалето на Сребрената лига откако ја совлада Хрватска со 3-2 (15-25, 25-19, 25-22, 21-25, 15-12 по сетови) во првото полуфинале на фајналфор-турнирот што се игра во салата „Парк“ во Струмица.

Македонија во финалето ќе се сретне со подобриот од вториот полуфинален дуел помеѓу Данска и Унгарија кои играат од 20 часот.

Финалето е закажано за утревечер (20 ч.), а претходно (17 ч.) ќе се одигра мечот за третото место, меѓу поразените полуфиналисти.

Триумфот на фајналфор-турнирот ја води Македонија во Златната лига, следната година.