Фото: Игор Бансколиев

Одлични вести пристигнаа денеска од таборот на македонската фудбалска репрезентација.

Фудбалерот на Леванте, Енис Барди е негaтивен на денешниот тест на ковид-19, па, согласно протоколите на УЕФА, веднаш се приклучува на подготовките на македонската репрезентација.

Eден од најстандардните играчи во репрезентацијата од денеска ќе може да им се приклучи на соиграчите на завршните подготовки пред настапот на Европското првенство, а исто така и селекторот Игор Ангеловски ќе може да смета на Барди за првиот натпревар на ЕП, кој неговите избраници ќе го играат на 13 јуни против Австрија.

Ова беше трет тест за Барди, претходните два беа позитивни и иако тој беше без сипмтоми и во добра состојба, не смееше да тренира со останатите фудбалери.