Фото: ЕПА

Шпанија е нов светски шампион, откако во финалето на Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико ја совлада Аргентина со 1-0 по продолженија.

Херој на „црвената фурија“ беше Феран Торес, кој во 106. минута го постигна единствениот гол на натпреварот по одличната асистенција на Нико Вилијамс. И двајцата фудбалери влегоа во игра од клупата и го решија финалето.

По регуларните 90 минути немаше голови (0-0), но Шпанија беше подобар противник во текот на целиот натпревар и заслужено стигна до светската титула.

Ова е второ светско злато за Шпанија, по историскиот триумф во 2010 година. Со новата титула, Шпанците се израмнија со Франција и Уругвај, кои исто така имаат по две светски титули. На вечната листа води Бразил со пет трофеи, пред Германија и Италија со по четири, додека Аргентина останува на три освоени шампионски титули.

За Аргентина ова беше четврти пораз во финале на Светско првенство.