Фото: РФМ

Ракометната репрезентација на Македонија ја елиминира Романија во баражот за пласман на Светското првенство (СП) в година, и покрај тоа што загуби со 22-24 во денешниот реванш-дуел одигран во Букурешт. Избраниците на селекторот и капитен Кирил Лазаров одат понатаму поради убедливата победа од 30-22 во првиот натпревар во Скопје.

„Црвено-жолтите“ имаа и предност од три гола во текот на првото полувреме, со што понатамошниот пласман не беше доведен во прашање во ниту еден момент.

Најефикасен кај Македонија беше Лазаров со пет гола, додека три постигна Филип Кузмановски, а кај домаќинот се истакна Хавиер Хумет со шест погодоци.

Македонија ќе игра против Чешка во април, во решавачкиот двомеч за учество на Мундијалот.