Фото: МПОК/ Ма­ке­дон­ски­те ша­хи­сти со по­бед­нич­ки­от пе­хар

Ша­хов­ска­та еки­па на Мо­бил­ност Ма­ке­до­ни­ја во со­став Го­ран Вој­нов­ски (пр­ва таб­ла), Јан­чо Ѓор­ѓев­ски (вто­ра таб­ла) и Да­ни­ел Ну­не­ски (тре­та таб­ла) ги освои пр­во­то ме­сто и го­ле­ми­от по­бед­нич­ки пе­хар на 18. Ме­ѓу­на­ро­ден ша­хов­ски тур­нир на па­рап­ле­ги­ча­ри (ли­ца со де­лум­на или це­лос­на па­ра­ли­за на дол­ни­от дел од те­ло­то), кој се одр­жа во Ба­ња Лу­ка (БиХ). На тур­ни­рот учес­тву­ваа шест еки­пи од ре­ги­о­нот: Ма­ке­до­ни­ја, Фе­де­ра­ци­ја БиХ, Ре­пуб­ли­ка Срп­ска 1, Ср­би­ја, Ре­пуб­ли­ка Срп­ска 2 и Сло­ве­н

– Оваа го­ди­на бор­ба­та бе­ше иск­лу­чи­тел­но изед­на­че­на, еки­пи­те на Ма­ке­до­ни­ја и од Фе­де­ра­ци­ја БиХ, по пет оди­гра­ни ко­ла беа це­лос­но изед­на­че­ни во сѐ, и во екипни бо­до­ви, девет (четири победи, едно реми, без пораз) и во осво­е­ни по­е­ни по табли (12,5), та­ка што на кра­јот, во сог­лас­ност со про­по­зи­ци­и­те на тур­ни­рот, од­лу­чу­ва­ше жреп­ка­та. На­ши­от ка­пи­тен Јан­чо Ѓор­ѓев­ски има­ше среќ­на ра­ка и ги до­не­се по­бе­да­та и го­ле­ми­от пе­хар за Мо­бил­ност Ма­ке­до­ни­ја. Трета е Србија со шест екипни бода (осум поени по табли). Средс­тва­та за учес­тво на овој ме­ѓу­на­ро­ден ша­хов­ски нат­пре­вар беа обез­бе­де­ни од Ми­ни­стерс­тво­то за со­ци­јал­на по­ли­ти­ка, де­мо­гра­фи­ја и мла­ди – ин­фор­ми­ра­ат од Ма­ке­дон­ски­от па­ра­о­лим­пи­ски ко­ми­тет.

Г.И.

Фото: МПОК