КОШАРКА – НБА

Кошаркарите на Сакраменто го победија Портланд на гостински терен со 120-80 и првпат од 2006 година обезбедија пласман во плејофот во НБА-лигата. Според статистичките податоци, ова е и најдолгиот период без плејоф на некоја екипа, но не само во НБА, туку и во НФЛ (американски фудбал), НХЛ (хокеј на мраз) и во МЛБ-лигата (бејзбол).
Претходен пат Сакраменто играше во плејофот во 2006 година, кога во првиот круг беа поразени од Сан Антонио (2-4), а последен триумф во една серија од разигрување Сакраменто забележа во 2004 година, кога стигна до конференциското полуфинале.
Кај победничкиот тим најефикасен беше Малик Монк со 19 поени, а кај домаќините Шејдон Шарп со 30 коша.
Во плејофот досега се пласираа Милвоки, Бостон, Филаделфија и Кливленд од Источната конференција, како и Денвер, Мемфис и Сакраменто од Западната. Тимовите од првото до шестото место во секоја конференција директно ќе играат во плејофот, а екипите од седмото до десеттото место ќе разигруваат за уште по две места од секоја конференција. Г.И.