Пекинг им донира на Обединетите нации примерок од далечната страна на Месечината

Кина официјално им донираше на Обединетите нации (ОН) примерок од Месечината, собран за време на мисијата „Чанг’е-6“, на церемонија на примопредавање одржана во понеделникот, во седиштето на глобалната организација во Виена, каде што примерокот ќе биде трајно изложен.
Церемонијата беше во заедничка организација на Кинеската национална вселенска управа (ЦНСА), Постојаната мисија на Кина при ОН и другите меѓународни организации во Виена, како и од Канцеларијата на ОН за вселенски прашања (УНООСА). На настанот присуствувале повеќе од 400 гости, вклучувајќи раководители на меѓународни организации во Виена и постојани претставници на различни земји.
Предавањето на примерокот од Месечината, собран од „Чанг’е-6“, на ОН претставува конкретен чекор кон спроведување на четирите големи глобални иницијативи предложени од кинескиот претседател Си Џинпинг.
– Кина е подготвена да ги сподели плодовите од развојот на вселенската технологија со земјите низ светот, да споделува можности и заеднички да создава просперитет, со цел напредокот во вселенската наука и технологија да им донесе поголема корист на луѓето од сите земји – изјави Шан Џонгде, администратор на ЦНСА, додавајќи дека Кина ќе соработува со сите земји за да го унапреди мирното истражување на вселената и да даде поголем придонес кон изградбата на заедница со заедничка иднина за човештвото.