КОШАРКА – НБА, ПЛЕЈОФ

Кошаркарите на Лос Анџелес клиперс победија со 115-110 на гостувањето кај Феникс во првото коло од плејофот во НБА-лигата, а за тоа најзаслужни се Кави Леонард, кој блескаше со 38 поени, и Ерик Гордон, кој уфрли 19 поени. Кај Феникс најдобар беше Кевин Дурент со 27 поени, а три поени помалку имаше Девин Букер. Со овој триумф, ЛА клиперс ја прекина серијата на Феникс од шест победи во првите натпревари од плејоф-сериите.

Од четирите тима што во плејофот влегоа по победата во квалификациите, кои се играа со мини-турнир, победи забележаа Мајами, на мечот со најдобриот тим по регуларниот дел од сезоната, Милвоки, и Лос Анџелес лејкерс, на дуелот со Мемфис, двете на гости. Од другите квалификанти загубија Атланта и Минесота.

Кошаркарите на Денвер Нагетс поведоа со 1-0 во победи против Минесота во првото коло од плејофот на Западната конференција на НБА, откако славеа со 109-80. Денвер сето време го контролираше резултатот, а во вториот период првпат создаде двоцифрена предност. Најефикасни во победничкиот тим беа Џамал Мареј со 24 поени и Мајк Портер со 18. Г.И.