Нов рекорд на Холанд

ФУДБАЛ – АНГЛИЈА

Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Холанд, го израмни рекордот за најмногу голови во сезоната со 38 натпревари во англиската фудбалска Премиер-лига, откако сега има 32 погодока по двата гола во победата со 3-1 на мечот со Лестер викендов. Холанд сега е израмнет со напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, кој постигна 32 гола во сезоната 2017/2018, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“.

Манчестер сити има уште осум натпревари за играње во Премиер-лигата сезонава, а Холанд е на пат да го собори и рекордот за број на голови во сезона на Премиер-лигата со 42 натпревари, кој е 34 погодока и заедно го држат Енди Кол (во Њукасл, во сезоната 1993/94) и Алан Ширер (во Блекбурн, во сезоната 1994/95). Холанд постигна 47 гола во сите натпреварувања во својата прва сезона во англискиот фудбал.