Фото: ЕПА

Со сезонскиот просек од 25 поени по натпревар, Џејмс треба да ја достигне границата во почетокот на март

КОШАРКА – НБА

Леброн Џејмс постигна 19 од своите 34 поени за време на брилијантната четврта четвртина, поведувајќи го Лос Анџелес лејкерс од негатива од 21 поен за драматична победа со 116-112 на дуелот со Лос Анџелес клиперс, во кошаркарската НБА-лига, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП). Џејмс беше центарот на сето тоа, погодувајќи пет од неговите рекордни во сезоната седум шута за тројка.
– Тоа е чувството кога чувствувате дека сѐ што ќе шутнете влегува во кошот. Едноставно останав конзистентен. Не правев непромислени удари кон кошот. Моите соиграчи завршија одлична работа со тоа што продолжија да ме пронаоѓаат, а јас само се обидов да го диктирам темпото, да го диктирам мечот – рече Џејмс, пренесе АП.
Најдобриот стрелец на сите времиња во НБА се приближува до 40.000 поени во кариерата, откако по мечот со Лос Анџелес клиперс има 39.960, а со сезонскиот просек од 25 поени по натпревар, тој треба да ја достигне границата во почетокот на март, пишува НБА. Лос Анџелес лејкерс утринава имаше натпревар со Вашингтон, а потоа деновиве се средбите со Денвер, Оклахома, Сакраменто, Милвоки…
Џејмс сезонава е втор во НБА според одиграните минути, четврти според асистенциите, осми според украдените топки, седми според одиграните натпревари, 31. според остварените скокови…, пишува НБА. Н.М.