Вкупно 16 лица се лишени од слобода во одделни полициски акции спроведени во текот на вчерашниот ден и ноќеска на повеќе локации низ земјава. При полициските контроли кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и прашкасти материи, информира Министерството за внатрешни работи.
Во Скопје биле приведени три лица – Ѓ.С. (35), А.К. (29) и А.Ј. (30), сите од Скопје. При извршените прегледи кај нив биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја.
Пет лица биле лишени од слобода во атарот на местото „Суви Лаки“ во Беровско. Приведени се Г.П. (31) од Пожаране, Гостиварско, Б.А. (25) од Радовиш, С.З. (42) од Муртино, Струмичко, В.С. (22) од Злеово и Н.С. (31) од Воиславци, Радовишко. При контрола на патничко возило „дачиа“, управувано од Г.П., била пронајдена и одземена марихуана.
Во Тетово биле приведени Ф.А. (33) од Порој и Р.И. (19) од Горно Седларце. Кај двајцата при извршените прегледи била пронајдена марихуана.
Во Охрид, на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај месноста „Петља“, полицијата го лишила од слобода Г.Н. (43) од Охрид. При преглед на неговото возило „ауди“ била пронајдена марихуана.
Во Куманово бил приведен А.Б. (20) од селото Сопот, кај кого исто така била пронајдена марихуана.
Во Битола, во угостителски објект на улицата „Дебарца“, бил лишен од слобода Г.Ј. (41), кај кого била пронајдена прашкаста материја. Во атарот на селото Братиндол, пак, биле приведени М.Т. (27) и Д.Т. (28), двајцата од Битола, откако при преглед кај М.Т. била пронајдена марихуана.
Во Прилеп, на улицата „Тризла“, полицијата го лишила од слобода С.А. (26) од Кичево, кај кого при преглед била пронајдена марихуана.
Од МВР велат дека по целосното документирање на случаите против приведените ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
































