Фото: Ка.М.

Полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода еден малолетник и В.Т. (21), двајцата од село Сенокос, поради сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

Момче на 14-годишна возраст синоќа околу 19:30 часот е пронајдено без знаци на живот со повеќе убодни рани и надворешни крвавења во центарот на Прилеп на тротоарот од булеварот „Гоце Делчев“ наспроти Домот на културата „Марко Цепенков“. Не давало знаци на живот и било пренесено во градската болница каде биле безуспешни сите обиди да се реанимира.

Полициски службеници од ОВР Прилеп, заедно со јавен обвинител, извршиле увид на местото на настанот, а по судска наредба бил извршен претрес во домот на малолетникот во село Сенокос, при што биле пронајдени и одземени предмети со кои било извршено кривичното дело.

Со малолетникот бил извршен службен разговор, во кој го признал делото, а по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава по член 123 од Кривичниот законик.