Фото: фејсбук

По долго боледување денес во Германија почина поранешниот репрезентативец на Македонија и легенда на велешкиот ракомет, Тони Шопов.
Шопов зад себе остави богата ракометна кариера испреплетена со многу победи и порази.

Повеќе пет години Шопов имаше сериозни здравствени проблеми, боледуваше од рак на дебелото црево (Descendenten colon – Adenocarcinoma colonis) .

Шопов беше член на првата репрезентација на Македонија, во која што играа и Манасков, Маринковиќ, Стефановски, Станковски…