ФУДБАЛ – СЕРИЈА А

Милан го доби 177-то дерби против локалниот ривал Интер, со 3-2, во петтото коло во Серија А сезонава. Милан е на врвот на табелата, со 11 бода, по петте натпревари.
Дерби-мечот е познат и како „дела Мадонина“, во знак на почит кон една од главните знаменитости на Милано, статуата на Богородица на врвот на катедралата Дуомо. Двата клуба имаат жестоко ривалство, кое датира од нивниот прв меч во јануари 1909 година. Дербито на Милано е единствениот голем натпревар во фудбалот што се игра на истиот стадион, на „Сан Сиро“, кој им е „дом“ и на Милан и на Интер, а навивачите на двата клуба го сметаат за заеднички.
Милан и Интер имаат одиграно 233 официјални натпревари, на кои Интер е поуспешен со 85 победи, 69 ремија и 80 порази. Поранешниот напаѓач на Милан, Андриј Шевченко е рекордер според дадените голови на миланското дерби, 14 гола. Легендарниот Џузепе Меаца, кој играше и за Интер и за Милан, е следен, со 13 гола.

Л.Д.