Фото: Фејсбук/Официјална страница на ЛШ

Извонредниот Карим Бензема со хет-трик му донесе победа со пресврт на Реал Мадрид над Пари Сен Жермен од 3-1 на домашен терен, за пласман на „кралевите“ во четврт-финалето на фудбалската Лига на шампионите (ЛШ). Реал го доби двомечот со вкупен резултат од 3-2, надоместувајќи го поразот од 0-1 во првиот дуел во Париз.

Бензема стана највозрасниот фудбалер што постигнал три гола на еден меч во ЛШ со 34 години и 180 дена, тресејќи ја мрежата на противникот во 61-та, 76-та и во 78-та минута. Убоитиот напаѓач на тој начин го засени и соиграчот од француската репрезентација Килијан Мбапе, кој беше стрелец на двата гола за ПСЖ во пресметката со Реал. Мбапе и вечерва го отвори резултатот во 39-та минута.

Понатамошен пласман во ЛШ изборија и Манчестер сити кој вечерва одигра без голови со Спортинг Лисабон за вкупен резултат од 5-0, како и Ливерпул и Баерн кои вчера ги елиминираа Интер (вкупни 2-1), односно Салцбург (вкупни 8-2).