Фото: ЕПА

Фудбалерите на Манчестер сити го освоија трофејот на Светското клупско првенство во организација на ФИФА, откако вечерва во финалето во саудискиот град Џеда го совладаа бразилски Флуминенсе со 4-0 (2-0).

Актуелниот европски првак дојде во водство во првата минута со голот на Хулијан Алварез, а до крајот на полувремето ја удвои предноста со автоголот на Нињо.

Фил Фоден во 77-та минута ги реши сите дилеми околу победникот, а печат на победата на премиерлигашот стави Алварез (88) со својот втор гол вечерва.

За Манчестер сити ова е прва титулата светски клупски првак во историјата со која англискиот клуб инкасираше 4,65 милиони евра.

Третото место го освои египетски Ал Ахли, совладувајќи ја претходно оваа вечер јапонска Урава со 4-2.