Светската фудбалска федерација (ФИФА) го објави почетокот на новиот проект „Следните 90“, чија цел е да им обезбеди на поранешни фудбалери вештини, алатки и самодоверба за да успеат во кариера надвор од фудбалот, кога ќе завршат нивните играчки денови. Програмата е наменета за пензионирани фудбалери со најмалку еден настап на сениорска меѓународна сцена и добро познавање англиски јазик, пишува ФИФА на својата интернет-страница. Тој е фокусиран особено за родени лидери и поранешни играчи што сакаат да ги пренесат своите достигнувања на теренот во втората кариера, во фудбалот или на кое било друго поле. Курсот ќе трае од јануари до декември в година, а сите трошоци за школарина и такси ќе бидат покриени од ФИФА.
– Со голема гордост го претставувам „Следните 90“, проект на ФИФА, кој е дизајниран да им помогне на поранешните играчи да го направат следниот чекор во кариерата по играњето. Овој проект ѝ нуди можност на ФИФА да ги поддржи во нивниот следен чекор и да се погрижи поранешните фудбалери да продолжат да имаат значително позитивно влијание врз нашето општество во време кога тоа му е најпотребно на светот. Ова е посветеност на ФИФА кон поранешните играчи, поединци што придонесоа нашата игра да биде одличен спорт – вели Џани Инфантино, претседател на ФИФА.