Фото: Игор Бансколиев

Меси со Аргентина триумфира во Копа Америка, Левандовски ја освои „златната копачка“ како најефикасен во Европа, со 41 гол на само 29 меча, Жоржињо освои две титули европски првак, со Челси и со Италија, Канте беше прогласен за најдобар фудбалер во полуфиналето и во финалето на ЛШ…

ФУДБАЛ – ВЕЧЕРВА СЕ ДОДЕЛУВА ПРЕСТИЖНАТА ГОДИШНА НАГРАДА

Во француската престолнина Париз, за вечерва е закажана свечената церемонија на доделувањето на „златната топка“ за 2021 година на најдобрите фудбалери во светот. На настанот ќе бидат доделени и трофејот „копа“, за најдобар играч до 21 година, и трофејот „јашин“, за најдобар голман. Ланската церемонија што ја организира францускиот спортски магазин „Франс фудбал“ беше откажана поради пандемијата на коронавирусот, но сега се враќа на голема врата. Наградата се доделува од 1956 година.
Како еден од главни фаворити за наградата се смета Лионел Меси, кој летово со Аргентина триумфира на Копа Америка, првенството на Јужна Америка, а со Барселона минатата сезона триумфира во Купот на Шпанија, постигна 38 гола на 52 меча. Меси е добитник на рекродни шест „златни топки“. Големи шанси му се даваат и на Роберт Левандовски од Баерн, кој ја освои „златната копачка“ како најефикасен во Европа, со 41 гол на само 29 натпревари во Бундес-лигата. Во најтесниот фаворитски круг се и двајца играчи на Челси, Жоржињо, кој освои две титули европски првак, со Челси и со Италија, и Н’Голо Канте, кој беше прогласен за најдобар фудбалер во полуфиналето и во финалето на Лигата на шампионите (ЛШ).

Во машка конкуренција се 30 играчи: Цезар Аспиликуета (Челси), Николо Барела (Интер), Карим Бензема (Реал Мадрид), Леонардо Бонучи (Јувентус), Кевин Де Брујне (Манчестер сити), Џорџо Кјелини (Јувентус), Кристијано Роналдо (Јувентус/Манчестер јунајтед), Рубен Дијас (Манчестер с.), Џанлуиџи Донарума (Милан/ПСЖ), Бруно Фернандеш (Манчестер Ј.), Фил Фоден (Манчестер С.), Ерлинг Холанд (Борусија Д.), Жоржињо (Челси), Хари Кејн (Тотенхем), Н’Голо Канте (Челси) Симон Кјаер (Милан), Роберт Левандовски (Баерн), Ромелу Лукаку (Интер/Челси), Ријад Марез (Манчестер С.), Лаутаро Мартинез (Интер), Килијан Мбапе (ПСЖ), Лионел Меси (Барселона/ПСЖ), Лука Модриќ (Реал М.), Жерар Морено (Вилјареал), Мејсон Маунт (Челси), Нејмар (ПСЖ), Педри (Барселона), Мохамед Салах (Ливерпул), Рахим Стерлинг (Манчестер С.) и Луис Суарез (Атлетико).
Кандидатки за најдобра фудбалерка: Кадидату Диани (ПСЖ), Фран Кирби (Челси), Џенифер Ермосо (Барселона), Кристијане Ендлер (ПСЖ/Лион), Кристин Синклер (Торнс), Ешли Лоренс (ПСЖ), Ирина Паредес (ПСЖ/Барселона), Џеси Флеминг (Челси), Лике Мартенс (Барселона), Сандра Панос (Барселона), Вивијан Миедема (Арсенал), Елен Вајт (Манчестер С.), Перниле Хардер (Челси), Сем Мевис (Манчестер сити/Северна Каролина), Венди Ренард (Лион), Марија-Антоанета Катото (ПСЖ), Стина Блекстениус (Хакен), Магдалена Ериксон (Челси), Сем Кер (Челси) и Алешја Путелас (Барселона).