Младите ракометари на Металург полека но сигурно почнуваат да ги откриваат перспективите на еден интегрален приод на спортските тренинзи и третмани, низ кои тие поминувајќи, веројатноста да успеат е многу повисока. И тоа не само да успеат на спортските натпревари. Имено, бенефитите на споменатиот интегрален пристап не се само ракометно-клупски, или репрезентативни, туку тој е и личен и персонален.

Тој е во насока на изградба на здрави психофизички стабилни личности кои во својата потесна и поширока околина ќе зрачат со позитивен дух, креативност и конструктивност. Таквиот начин на тренинзи е овозможен со професионална и стручна логистика на Ремедика, реномираната здравствена институција од каде што вчера во новата училница за теоретска настава во РК Металург, дојдоа двајца психолози со соодветна долгорочна индивидуална и групна програма. Целта е создавање на индивидуи и тим, препознатлив по својата борбеност, спортска дрскост и желба за победа, но и индивидуални личности што ќе знаат што е спортски морал и етика, ферплеј и во побда и во пораз.

За таа цел, во салата „Автокоманда“ почна да работи психолошки тим на првата приватната болница Ре-Медика, во состав д-р Марија Стојкоска Василевска и д-р Павлина Михаловска. Тие во својата прва од серијата активности, преку кратка презентација и психолошки вежби на младите ракометарина Металург им укажаа на екстремното значење на менталното здравје и психолошката стабилност во реализацијата на поставените цели и задачи, професионално и приватно.

(Прочитајте повеќе во печатеното издание на „Нова Македонија“)