Фото: Пиксабеј

Техно

Компанијата „Уанплас“ официјално го претстави својот нов паметен телефон во Кина, а тоа е моделот „уанплас 12“. Паметниот телефон пристигна навреме за празниците и моментално е достапен само на кинескиот пазар, па остатокот од светот веројатно ќе мора да почека до јануари.

„Уанплас 12“ се напојува со батерија со капацитет од 5.400 милиампер-часа, што значи дека за над 400 милиампер-часа ги надминува повеќето други паметни телефони, освен најдобрите мобилни телефони за игри. Батеријата поддржува брзо жичено полнење од 100 вати, како и безжично полнење од 50 вати.
Уредот се напојува со врвниот процесор Снепдрагон 8 ген 3 на „Квалком“, кој е поврзан со 24 гигабајти РАМ. Ретко кој мобилен телефон денес го користи тој чипсет, „самсунг галакси С23 ултра“ ја користи претходната генерација, а исто така ретките мобилни телефони можат да се пофалат со 24 гигабајти РАМ. Истото тоа може да се каже и за внатрешната меморија, која е до 1 ТБ.
„Уанплас 12“ има голем 6,82-инчен амолед-екран со резолуција од 1.440 x 3.168 пиксели, стапка на освежување од 120 херци и максимална осветленост од 4.500 нити, речиси двојно повеќе од повеќето ривали.

„Уанплас 12“ доби главна камера од 48 мегапиксели, ултраширока камера од 48 мегапиксели и телефотокамера од 64 мегапиксели со 3x оптички зум. Тоа се истите спецификации на камерата што ги користи моделот „уанплас опен“.
Кога станува збор за дизајнот, тој не се разликува многу од моделот „уанплас 1“. Задниот дел е голем кружен блок од камерата, но уредот е поотпорен на вода и има сертификат ИП65. Тоа значи дека може да преживее прскање со вода при помал притисок, но не е безбедно да се потопи во вода, така што сепак заостанува зад најдобрите телефони на тој план.