Промоција на изданија на Институтот за македонска литература е закажана за денеска, во 12 часот, во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик во Скопје. Ќе бидат промовирани три авторски изданија на Институтот за македонска литература. Станува збор за научните дела „Културното наследство и вредносните канони“ од Маја Јакимовска-Тошиќ, „Културните икони и македонското културно наследство“ од Валентина Миронска-Христовска и „Хуманологија “ од Африм А. Реџепи. За особеностите и вредностите на овие книги промотивни излагања ќе имаат Илија Велев, Славчо Ковилоски и Александар Прокопиев, а модераторка на средбата ќе биде Елена Кузманов.