„Осмото светско чудо“ на Плевнеш или зрелиот македонски парадокс?!

Еден нередовен читател, повеќето од нив што ги сретнувам во балканската средина, оправдано ќе биде загрижен од првите страници на книгата „Осмо светско чудо“. Ох, ете, едно друго балканско чудо! Центарот на светот се наоѓа во Северна Македонија?! Зарем, веќе тие сѐ уште не завршија на Балканот?! Од друга страна, тој што е редовен и внимателен читател ќе забележи дека пред него има еден несекојдневен писател, кој ќе се погрижи да го внесе сѐ подлабоко, како што ја решил фабулата Јордан Плевнеш, што за првпат се објавува на албански јазик, благодарение на преведувачот Агим Пољоска, во издание на „Ик армагедони“ од Приштина. И токму тука, каде што започнува да се создаваат делото и субјектот, внимателниот читател ќе се восхитува со естетските и уметничките вредности на ова литературно дело. Во таа смисла, авторот е добредојден со својата книжевна реч за секој читател. Во неговиот роман „Осмо светско чудо“, благодарение на неговото хумористично и иронично чувство, со посебна мисловност и усет те внесува кон една реалност што претставува предизвик и за магичниот реализам. Авторот создава еден вообичаен (реален) лик, со нереална перцепција, во еден невообичаен свет. Целиот амбиент во делото на Плевнеш е преполн парадокси, како што е и самиот Балкан. Неговиот главен лик Симсар е во дилема каде да го определи местото за градењето на „Осмото светско чудо“. Многу градители, ни вели раскажувачот (нараторот), ќе изумреа од совеста дека на Балканот ништо не е изградено таму каде што треба… дури од психоанализата, нашиот автор нѐ воведува (упатува) во вкрстувањето на неколку правци во книжевноста, што тој, сосема природно, ги применува во функција на неговиот субјект. Така, за да те ослободи од тензијата, одвреме-навреме, тој те внесува во мноштво мислења и перцепции, како на пример ако двајца водат љубов на Балканот, ова го прават со посредство на третиот, кој е в гроб…

Неговиот главен лик Александар Симсар во делото поаѓа со избраната фабула уште од смртта на татко му, од тажачките песни и многу години подоцна, кога ќе заврши во Портата на Европа, во Хамбург, сега веќе како архитект, ќе го привлече вниманието на архитектонско-проектантските бироа… сонувајќи за создавањето на едно уметничко дело, градејќи го од камен, тука во Охрид. Целта му беше да остави неизбришливи траги во светот, за време на неговиот живот… и го постигнува ова само за време на последните 3,3 секунди на животот, во Берлин во 1989 година. Во овој роман, каде што апсурдот и парадоксот живеат нормално, Плевнеш ни создава една утопија од балкански тип, така како што постојат и разликите на религиите во светот – христијанството, исламот, јудаизмот, будизмот, потоа и сатанизмот.

Јордан Плевнеш сета своја фабула ја проследува со раскошен талент. Со едно такво меѓународно реноме што го поседува тој се гледа дека нема голем интерес или ад хок да се преведува. Тој бајаги е преведуван, уште повеќе во главните светски јазици, но во оваа книга под наслов „Mrekullia e tete boterore“, на албански јазик („Осмо светско чудо“), неговиот предизвик е од друг вид. Тој, преку еден лик што може да се најде само на овој ареал, како што е Балканот, ја пренесува метафората на една хипербола. И ова се остварува преку сонот на нашиот главен лик, кој сака да го постигне невозможното: да издигне (изгради) еден надобјект… од еден архитект со македонско потекло. За еден човек што добро го познава Балканот, љубопитноста не е ликот, туку самата состојба и како ликовите во овој ареал се дестинирани да создаваат парадокси, но толку природно како самиот живот. И самиот Александар Симсар, една мешавина на овие ликови, што ги имала историјата на книжевностите во регионот, и не само во него, го реализира со посредство на еден технички елемент. Низ текот на делото се вметнуваат елементите на 3,3 секунди, па читателот може да пресметува од времетраењето на неговото паѓање од Црквата на Споменот во Берлин. Оваа бројка го содржи ритамот, но утврдува и еден елемент, каде што авторот преку историјата и фабулата создава од неговиот црн хумор, ни испорачува (испраќа) многу знаење.

Книгата може да се вкуси не само од својата љубопитност, широчината и длабочината на знаењето, но, од друга страна, и од различните синтези, што авторот ги прави, испорачувајќи ја неговата лична култура, но и парадоксот. Светот се држи (остварува) од парадокси и книжевноста може да се вкуси како таква, но нашиот автор оди и подалеку, каде што со примената на трето лице, што му придава на нараторот, го носи тоа што бара создавањето на својот субјект: „Секој што сака да ја прочита оваа книга може сам да претпостави дека за овие 3,3 секунди во главата на нашиот јунак е поминат мислењето на нашиот голем Каталонец, Гауди, дека архитектот е човек на синтеза и дека тој работите ги гледа во целина, пред да се реализираат, ги студира и ги поврзува елементите на своите ликови, односите и нивните реални далечини. И одиме понатаму со Гауди: во архитектурата формата е на трето место. Најпрвин е ситуацијата, на второ место е делењето (големината-местото), на трето се материјалот и бојата и четврто формата“.

Ситуацијата, во која нашиот автор зборува со посредство на своите ликови, се апстрахира во планината на Македонија, во Галичица, која ги дели двете езера во албанско-македонската територија, Охридско Езеро и Преспанско Езеро. И, ете, како ќе ни се претставува делењето во својата имагинација: Осмото чудо ќе се простира во една должина од 1.000 метри и широчина од 250 метри. Сите 365 столба ќе се поставуваат на рамноправен начин, една покрај друга, во далечина од 5,5 метри и висина од 1.962 метри. Во средина на објектот ќе остане колепката, што претставува еден вид синтеза на начнењето на овој вид униформност, во која ќе се зацврстува за навек идејата за создавањето на 6.380 јазици во списокот на УНЕСКО и на културните диверзитети. По овој повод, Плевнеш му дава на канонот на убавото едно владеење кон историјата на светот и кон нашите природни повици за уништување на другиот. Фактички, тука наоѓаме и еден одговор со еден редок хумор, ако навистина човештвото има или нема една шанса во иднината на светот.

Авторот, со еден истакнат академски и дипломатски живот, го познава толку добро Балканот со сиот негов богат нектар и дојдено е времето да размислиме дека масакрите на овие простори ги надминаа сите граници, а светот има други предизвици. По „Украина“, начинот како се менува светот ни кажува дека сите сме загрозени и не се знае од каде доаѓа лошото. Светот толку е загрозен што напорите и усилбите на нашиот лик во делото на Плевнеш се речиси сосема реални. Оттука, во неговиот свет што ја познава неговата Македонија, Плевнеш ја смета како „Европска лабораторија“, ја има во неговата книга. Откако ќе ја прочиташ книгата и стануваш ист со неговата иронија, за неговата земја, времето, цивилизацијата ќе разбереш дека ние живееме со парадоксот на грчот, но и со замислата… што го бараат неспокојството. Затоа, и неговиот Александар ќе создаде еден споменик, што ако го поставиш пред слушателите повеќе е еден маке-ап, за овој лош впечаток што го завладеа нашето време. „Регионот живее во една трагична самотија. Но маѓепсан од откривањето на светската цивилизација, јас инсистирам дека сега постои заедничка опасност (така кога зборуваме ние за унитетот на времето и просторот) на глобален план. Затоа, проблемите не се однесуваат само за Балканот, тие се европски и глобални“, одговараше некогаш Плевнеш за својата уметност, кажувајќи со синтеза на нашето денес.

Автор: Бен Андони  

Текстот е објавен во весникот „Фјала културе“, Тирана, 21.5.2022, стр. 10 Тирана, 11.5.2022