На 21 јули во Гевгелија

Болеста на 14-годишната Луна Попо Костова се чини ја крена на нозе не само Гевгелија туку и повеќе градови низ Македонија. Целата работа за собирање 80.000 евра за неопходната операција во Турција започна со објавување на телефонските броеви за донирање финансиски средства, за потоа дечињата од Гевгелија, Валандово и Скопје да ги преземат нештата во свои раце.
Тие продаваат свои домашно приготвени колачиња, мафини, крофни, лимонади, ѓерданчиња и слично, сѐ со една цел – да ѝ помогнат на Луна.
Музичарот Георге Попов организираше свирка во кафе-барот „У“, каде што се собираа донации.
Наредната недела, в петок, на 21 јули, на градскиот плоштад во Гевгелија ќе биде организиран хуманитарен концерт „Од срце за Луна“.
Концертот го организираат Општина Гевгелија, центарот „Мајка Тереза“, ОО Црвен крст-Гевгелија, Дневниот центар за лица со попреченост, ЗГ „Калинка“ и ЗГ „Внимание“.
На концертот ќе настапат драмската, ликовната и секцијата за ударни инструменти при Домот на култура, танцовото студио „Мистик“ и бендот „Небула“
Веќе година и пол Луна, со поддршка на својата мајка Елена, храбро се бори со сколиоза, која е во последен стадиум и е неопходна итна операција во болницата „Аџибадем“ во Турција.
Затоа, драги хумани луѓе, да ги отвориме нашите срца, бидејќи нашето малку за некого значи многу.