На Советот на меѓународните бизнис-лидери за градоначалникот на Шангај
за 2023 година објавен фасцинантен податок
Шангај сега има 940 регионални седишта на мултинационални корпорации и 551 центар за истражување и развој (R&D) финансирани од странство, беше презентирано на прес-конференцијата на Советот на меѓународните бизнис-лидери за градоначалникот на Шангај за 2023 година (IBLAC). Од нив, 49 регионални штаба и 20 центри за истражување и развој беа отворени во 2023 година.
– Од почетокот на оваа година, економијата на Шангај продолжи да закрепнува и генерално одржува стабилен и позитивен тренд, како одраз на силна отпорност и виталност – рече на прес-конференцијата Гонг Женг, градоначалник на Шангај.
Тој додаде дека доброто деловно опкружување е клучно за Шангај да привлече странски компании.
– Ќе планираме и спроведеме голем број нови мерки за постојано подобрување на деловното опкружување – рече Гонг.