ВЕЛОСИПЕДИЗАМ – СП 2026
Белгиецот Ремко Евенепул ја освои рекордната четврта титула по ред во индивидуална трка на хронометар за велосипедисти на Светското првенство на друмски патеки во Монтреал, а Швајцарката Марлен Ројсер ја одбрани титулата, пишува агенцијата „Ројтерс“. Евенепул ја помина патеката од 39,2 км за 44 минути и 53,13 секунди. Втор е Италијанецот Филипо Гана (плус 57,31 секунди), а трет 19-годишниот Французин Пол Сеишас, кој беше четврти на дебито на Тур де Франс (плус 1:13,04 минута). Ројсер победи со време од 50:24,44 минути. Британката Зои Бакстед го освои среброто (плус 40,11 сек.), а Германката Франциска Кох бронзениот медал (плус 45,54 сек.). Евенепул е првиот што победил на четири трки во низа на хронометар од светската елита и им се придружи на Германецот Тони Мартин и на Швајцарецот Фабијан Канчелара како единствени четирикратни победници, пишува „Ројтерс“. Н.М.


































