Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули годинава изнесувала 48.499 денари, што е зголемување од 7,1 отсто во однос на јули 2025 година, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).
Зголемувањето, како што наведува ДЗС, се должи пред сè на растот на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите Финансиски дејности и дејности на осигурување за 10,7 отсто, Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 10,4 отсто и Дејности во врска со недвижен имот за 9,6 отсто.
Во однос на претходниот месец, зголемување на просечната нето-плата е забележано во секторите Стручни, научни и технички дејности за 4,3 отсто, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 3,2 отсто и Градежништво за 2,3 отсто.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јули изнесувала 72.935 денари.
































