Градот во кој се студира може да има огромно влијание не само на времето на студентите поминато на факултет туку и на нивното искуство по дипломирањето. Универзитетите што може да ги понуди градот се најзначајниот фактор во животот на студентот по завршувањето на студиите, но ако се земе предвид рангирањето на „Кју-ес“, странските студенти исто така треба да ги разгледаат и аспектите како потеклото на студентите, безбедноста, животниот стандард, активноста на работодавците и животните трошоци за време на студиите.
Според инфографикот, кога ќе се земе предвид сето ова и повеќе, во Велика Британија се наоѓа градот што ги доби највисоките оценки, па, така, во годинешното рангирање, повторно на врвот е Лондон. Како дом на неколку водечки универзитети, вклучувајќи ги и Универзитетскиот колеџ, Империјалниот колеџ и Кралскиот колеџ, Лондон е градот што со години е омилен кај студентите и има многу академски институции од светски ранг од кои студентите можат да изберат.