Кина планира да изгради систем за испорака на водород во должина од над 400 километри / Фото: ЕПА

Проектот дизајниран да го пренесува водородот од Уланкаб, севернокинескиот автономен регион Внатрешна Монголија, до Пекинг, ќе биде првиот трансрегионален систем за испорака на долги растојанија

Кина планира да изгради систем за испорака на водород во должина од над 400 километри за поефективен пренос на чисто гориво од западните региони кои се богати со ресурси до регионите на исток, кои трошат енергија.
Проектот дизајниран да го пренесува водородот од Уланкаб, севернокинескиот автономен регион Внатрешна Монголија, до Пекинг, ќе биде првиот трансрегионален систем за испорака на водород на долги растојанија, рече Ма Јонгшенг, претседател на „Синопек“, најголемата кинеска рафинерија на нафта и оператор на гасоводот.
Гасоводот во првата фаза ќе може да опфати околу 100.000 тони водород секоја година и има потенцијал да го зголеми капацитетот за 500.000 тони на долг рок.
Откако ќе биде пуштена во употреба, снабдувањето од Внатрешна Монголија ќе го замени сегашното производство на водород од фосилни горива во регионот Пекинг – Тијанџин – Хебеи, ќе игра пионерска улога во трансрегионалниот пренос на водород и ќе помогне во промовирањето на енергетските надградби на земјата, рече Ма.
Проектот е вклучен во планот за изградба на нафтената и гасната мрежа на земјата, објавен од Националната енергетска администрација во март.