„Амазон“ претстави нови патенти кои ќе му овозможат на неговиот хибриден апарат за ѕвонче и камера да ги идентификува и категоризира луѓето според нивните лица, мрежниците, текстурата на кожата, одењето, гласот, па дури и мирисот. До 2023 година, приближно 4,3 отсто од домаќинствата низ светот би можеле да имаат инсталирана паметна безбедносна камера, а приближно 3,2 отсто од домаќинствата би можеле да користат паметни брави. Во периодот од 2023 до 2026 година се предвидува уште поголем пораст на употребата на оваа технологија. Истражувачите на „Статиста“ предвидуваат скок на стапката на употреба на безбедносни камери од 2,8 проценти, додека примената на паметното заклучување се очекува да се зголеми за 2,2 проценти во оваа временска рамка.