Фото: Пиксабеј

Здрава храна

Уникатниот хемиски состав на кивито го прави корисно за сите што имаат проблеми со спиењето. Истражувањата покажаа дека е доволно да се јаде киви еден час пред спиење, секоја вечер четири недели. Благодарение на тоа, третина од испитаниците заспивале значително порано и многу поретко се буделе.
Сојузник во борбата против анемијата: Поради изобилството од витамини Б9 и Ц, кивито има способност да ја зголеми апсорпцијата на железо, што го прави многу корисно за превенција од анемија.
Подобро варење: Благодарение на неговите природни лаксативни својства, употребата на киви е особено погодна за оние што страдаат од запек или нервозно дебело црево, бидејќи му одговара на варењето и придонесува за апсорпција на хранливи материи.
Го зајакнува имунитетот: Благодарение на количеството на витамин Б9, или фолна киселина, и витамин Ц, или аскорбинска киселина, ова овошје ја зајакнува коскената срцевина, а со тоа создава зголемување на производството на црвени и бели крвни зрнца, кои создаваат антитела и го градат имунолошкиот систем.
Ја стимулира циркулацијата на крвта: Благодарение на присуството на витамин К и омега-3 масни киселини, кивито има својство да ја разредува крвта, намалувајќи ја можноста за формирање на згрутчувања.
Одличен природен антиоксидант: Меѓу многуте придобивки на кивито е фактот што ова овошје дава одлични антиоксидантни својства, кои играат клучна улога во заштитата на нашите клетки од разни оштетувања.
Промовира производство на колаген: Исто така, поради високото присуство на витамин Ц, кивито помага во борбата против оштетувањето на кожата предизвикано од изложување на сонце и загадување, ја релаксира и прочистува кожата, ги намалува брчките, го спречува предвременото стареење и го подобрува целокупното здравје на кожата. Понатаму, благодарение на витаминот Ц, ова овошје игра клучна улога во производството на колаген, придонесувајќи за здравјето на ноктите, косата и коските.