Медицински совет

Веројатно не сте ги поврзале следните симптоми со недостиг од протеини, но многу е веројатно дека тоа е причината.
Лоша состојба на косата, ноктите и кожата: Протеините најчесто ги поврзуваме со градење и зајакнување на мускулите, но тие вршат и други важни функции во нашето тело. Тие, меѓу другото, се градбени блокови на клетките што ги формираат косата, ноктите и кожата. Во случај на недостиг од протеини, за да може телото да заштеди енергија и малку протеини што ги има, престанува растот на косата, што го забележувате како тенка коса и почесто опаѓање. Вашите нокти стануваат помеки и лесно се кршат. Се јавува лупење на кожата, главно на бутовите и задникот, каде што ќе забележите дека е најиритирана и најгруба на допир.
Често се разболувате: Не се виновни ненадејните временски промени или вирусите, туку вашиот послаб имунитет може да се должи на недостиг од протеини во вашето тело. Кога не јадете доволно протеини, телото почнува да ги користи Т-лимфоцитите како извор на енергија.
Отеченост: Можеби вашите отечени стапала не се резултат на премногу чекори, туку укажуваат на недостиг од хранливи материи, особено протеини. Таквиот оток, навидум без причина, најчесто се јавува во зглобовите, нозете, стапалата. Ова се случува поради задржување течности, кои инаку би биле во вашите крвни садови. Во тој случај, можете сами да го зголемите дневното внесување протеини, но и да се консултирате со вашиот лекар, кој ќе најде друго решение за вашиот проблем.