Без оглед на тоа како ќе заврши сезонава за Лутон, постои поголема слика што треба да се анализира пред да се донесе оцена

ФУДБАЛ – ПРЕМИЕР-ЛИГА

Кога воведните недели од дебитантската сезона во фудбалската Премиер-лига сте ги поминале со откривање на вашите недостатоци и одбранувајќи се од тешките стручни анализи, мора да е неизмерно задоволство да имате со што да возвратите, нешто опипливо да одговорите на некои од покритичните процени за Лутон, пишува „Би-би-си“. За неговата заслуга, менаџерот Роб Едвардс, ги држеше своите емоции под контрола по ремито 1-1 со Вулерхемптон дома. Подоцна, на писмениот брифинг по натпреварот, тој дури и призна дека ги разбира оние што го отфрлаат Лутон како лесна категорија во Премиер-лигата.
– Сите може да престанат да зборуваат дека Лутон е единствениот тим што нема ништо. Тоа го симнавме од грб – рече тој.
Беше неизбежно Лутон да го освои својот прв врвен поен од 1992 година, исто како што еден ден ќе победи. Но, во извесна смисла, тоа не е поентата, пишува „Би-би-си“. Без оглед на тоа како ќе заврши сезонава за Лутон, постои поголема слика што треба да се анализира пред да се донесе оцена.

Зборувајќи со луѓето во клубот јасно е дека губењето мечеви не е нешто што тие кротко го прифаќаат. Сепак, постојат некои основни вистини што треба да се земат предвид. Кога клубот последен пат ги објави финансиските резултати, во март 2023 година, неговата сметка за плати беше 17,8 милиони фунти, нешто повеќе од прометот од 17,66 милиони фунти. Приходот од деновите со натпревар и комерцијалниот приход заедно изнесуваа 7,2 милиони фунти. За да го ставиме тоа во контекст, неделната плата во Лутон беше 342.000 фунти, што, повеќе или помалку неколку илјади, е приближно колку што играчите на елитната Премиер-лига заработуваат сами, пишува „Би-би-си“.
Манчестер јунајтед ќе генерира повеќе приход од својата претсезонска турнеја отколку Лутон во сезоната 2021/2022, откако ќе бидат намалени за плаќањата за ТВ-преноси. И со таа заднина, Лутон треба да плати за својот предложен нов стадион со капацитет од 19.500, кој, за да ја направи локацијата безбедна и потоа да го изгради, ќе чини многу повеќе од 100 милиони фунти, или приближно ТВ-пари за една сезона во Премиер-лигата.
Оние што го водат на клубот очигледно газат по деликатна линија. Тие негираат дека испаѓањето апсолутно е прифатено. Тие го изградија она што веруваат дека е конкурентен тим и денови како овој, кога по водство на противникот израмнуваат, го докажуваат тоа. Но, тие треба еднакво да го задржат клубот напред, не само позициски туку и во однос на капацитетите.
Можеби е стара школа и потсетник за тоа каков бил фудбалот. Но, во однос на современиот свет, тоа не е соодветно за целта. Ова е клуб што се најде во Националната лига по она што, очигледно, некои навивачи го сметаат за „предавство на ФА“, со оглед на тоа што пишува на транспарентот закачен на аголот од трибината на „Парк роуд“. Тоа се однесува на одземените бодови што доведоа до нивно испаѓање од фудбалската лига пред 14 години.

Тие не стигнаа таму каде што се со масовно трошење без да внимаваат како изгледа иднината. Затоа приказната за Лутон не може да се раскаже чисто во однос на тоа дали тимот на Едвардс победува или губи секој викенд.
– Не ми е грижа – рече Едвардс, запрашан од медиумите дали начинот на настап на неговата екипа против Вулверхемптон е совршен одговор за критичарите на Лутон. – Ние тоа не го правиме тоа за да му докажеме нешто некому. Веројатно би го мислел истото тоа ако гледам однадвор и не знам многу за Лутон. Бевме мал клуб во Чемпионшип и влеговме во Премиер-лигата, па ќе бидеме мал клуб во Премиер-лигата. Сфаќам, разбирам. Одиме против гигантски клубови. Веројатно не треба да бидеме тука. Премиер-лигата е како поинаков спорт. Квалитетот, донесувањето одлуки, брзината со која се случуваат работите, извршувањето. Тешко е да се разбере. Многу луѓе ќе не` отпишат, но тоа е во ред, сите нека зборуваат. Верувам во групата играчи. Верувам во фудбалскиот клуб и планот и како се трудиме и правиме работи. Дозволено ни е да учиме и задоволен сум од напредокот што го правиме – рече тој. Н.М.