Клара Цеткин и Роза Луксембург

Ајде да видиме

Меѓународен ден на жената е светски празник што се одбележува секоја година на 8 март. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.
Идејата за одбележување посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20 век, а на неа посебно инсистираше социјалистичкото движење. Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД, по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 г. под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум. Следната година, на 19 март 1911 г., овој празник по првпат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и во Швајцарија. На 8 март 1913 година жените низ Европа одржуваат мировни собири.
По победата на болшевиците во Русија, а по иницијатива на Александра Колонтај, 8 Март по првпат е прогласен за државен празник. На запад во 1920-тите одбележувањето на 8 Март полека замре, а оживеа во 1960-тите заедно со растежот на феминизмот. Сепак, во ниту една западна земја 8 Март не е прогласен за државен празник. Со одлука на Обединетите нации од 1975 година, 8 Март беше прогласен за Меѓународен ден на жената.
Денес, 8 Март е државен празник само во малку земји како Русија, Белорусија, Молдавија, Украина, Ерменија, Монголија, Узбекистан, Виетнам, Кина.
Во Македонија се празнува Меѓународниот ден на жената, но не е неработен ден, најчесто со подарување цвеќе на припадничките на женскиот пол: сопруги, мајки, учителки… Во последните неколку години и кај нас жените организираат протестни маршеви за поголеми права.